spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“.

Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош  и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, како и Национална опера и балет, Факултет за музичка уметност и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол“ и Синеплекс.

Главната активност на кампањата е одржувањето јавни трибини водени од панелисти стручни лица доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка.

Во рамки на кампањата, ќе се организираат и едукативни сесии, проследени со едукативен промотивен материјал и консултации со стручни лица, како и on–site пријавувања на веб страната https://skrining.zdravstvo.gov.mk/home со што на жените ќе им се обезбедат информации и поддршка за редовни превентивни прегледи.

Во продолжение распоред за трибините, кои ќе ги водат доктори – специјалисти во оваа област, кои се членови на националната комисија за скрининг на рак на дојка.

На 14 октомври, во Клиничка болница Тетово, во 13:30 часот, д-р Арџенд Имери,

На  17 октомври, во во КБ Штип – 13:30, д-р Јасминка Чабуковска

– На 18 октомври, во ОБ Кавадарци –  13:30 часот, д-р Светлана Темелковска

На 21 октомври, во ОБ Струга – 13:30 часот, д-р Маја Јакимовска-Димитровска

На 25 октомври, во ОБ Куманово – 13:30 часот, д-р Маја Јакимовска

На 28 октомври, во КБ Битола – 13:30 часот, д-р Тања Петровска

На 29 октомври,  – 13 и 30 часот просторија ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Тања Петровска

Ракот на дојка е една од најчестите форми на рак кај жените, но со рано откривање и навремено лекување, можностите за успешен третман значително се зголемуваат. Ги повикуваме жените да го заштитат своето здравје и заеднички да го одбележиме „Розов октомври“.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...