spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПрвиот заменик претседател на Владата Меџити оствари средба со шефот на СЗО...

Првиот заменик претседател на Владата Меџити оствари средба со шефот на СЗО во Северна Македонија Аким Али

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари прва средба со претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларија во Скопје, Аким Али.

На средбата Меџити и Али изразија подготвеност за зајакнување на меѓусебната соработка, особено од причина што состѕојбите во животната средина директно се одразуваат на здравјето на граѓаните.

Меџити истакна дека соработка со СЗО се одвивала во одредени области, како што се климатските промени во рамки на развивањето на Националната стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени.

Првиот заменик претседател Меџити најави дека до крајот на годината министерството ќе го достави до Владата нацртот на Законот за климатска акција, а со поддршка на Европската Унија и ИПА Програмата ќе се продолжи кон подобрување на состојбите во животна средина и особено квалитетот на воздухот.

Извор: Влада

Прочитајте

Бутел: Заедно со учениците од ООУ Ацо Шопов одбележан Светскиот ден...

0
Градоначалникот Дарко Костовски готвеше заедно со учениците, а целата приготвена храна ќе се донира на социјално загрозени семејства од општината. Овој настан на кој имаше...