spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: 6800 ученици добија бесплатна ученичка униформа

Гази Баба: 6800 ученици добија бесплатна ученичка униформа

И оваа година успешно го реализиравме проектот за бесплатна ученичка униформа за секој ученик од општинските основни училишта во Гази Баба.

6800 ученици добија сет од две поло маици, една блуза со долк ракав и еден дуксер.

Реализацијата на овој проект доаѓа како исполнување на ветувањето на градоначалникот Бобан Стефковски, дека секој ученик ќе добие бесплатна училишна униформа и денес тоа е реалност.

Со овој проект ги ослободуваме децата од предрасудите и на сите нив им останува единствената обврска да го совладуваат материјалот кој им се предава од страна на наставниот кадар.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Бутел: Заедно со учениците од ООУ Ацо Шопов одбележан Светскиот ден...

0
Градоначалникот Дарко Костовски готвеше заедно со учениците, а целата приготвена храна ќе се донира на социјално загрозени семејства од општината. Овој настан на кој имаше...