spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Средба на министерот Андоновски со германската амбасадорка Н.Е. Дрекслер

МДТ: Средба на министерот Андоновски со германската амбасадорка Н.Е. Дрекслер

Тековните активности што интензивно се одвиваат во Министерството за дигитална трансформација, беa темa на средбата меѓу министерот Стефан Андоновски и амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер.

Министерот ја запозна амбасадорката со проектите поврзани со дигиталната трансформација во насока на подобрување на капацитетот на јавните институции за испорака на е-услуги кои ќе бидат квалитетни, брзи и ефикасни, подигнување на дигиталната писменост за користење на овие услуги и нивно зголемено користење, со цел подобрување на квалитетот на живеење и развој.

,,Дигитализацијата е клуч за економскиот развој во 21 век,  а ние сме цврсто решени тоа да биде наш фокус во работата“, истакна Андоновски, заблагодарувајќи се за огромната поддршка на Германија во евроинтегративните заложби и сојузот во Нато што ќе придонесе за квалитетни економски односи и уште поблиска соработка.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте