Градоначалникот Дарко Костовски готвеше заедно со учениците, а целата приготвена храна ќе се донира на социјално загрозени семејства од општината.
Овој настан на кој имаше и претставници од средното угостителско училиште “Лазар Танев”, нутриционисти и готвачи има за цел подигнување на јавната свест за важноста на одржливото производство на храна и здравата исхрана за остварување на свет без глад.
Светскиот ден на храната и оваа година е насочен кон учениците и младите, нагласувајќи ја важноста на училиштата и градинките како место за подобрување на квалитетот на исхраната и едукацијата на децата.
Извор: Општина Бутел