spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Конкурс за финансирање проекти – воннаставни активности за учениците, наставниците и...

Центар: Конкурс за финансирање проекти – воннаставни активности за учениците, наставниците и родителите

Врз основа на член 22 став 1 точка 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02 и„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), а во врска со Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за 2024 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 18/23), Општина Центар-Скопје објавува

КОНКУРС

за финансирање проекти – воннаставни активности

за ученици, наставници и родители во учебната 2024-2025 година

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Општина Центар дава финансиска поддршка на здруженија за реализација на проекти – воннаставни активности за ученици, наставници и родители во учебната 2024/2025 година во општинските основни училишта на Општина Центар-Скопје на тема:

МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Право на учество во Конкурсот имаат здруженија на граѓани и други организации од областа на образованието што ги исполнуваат условите на Конкурсот.

УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

За да учествуваат во Конкурсот, подносителите на проектите/активностите треба да ги исполнуваат следниве услови и критериуми:

  • Здружението да е регистрирано на територија на град Скопје.
  • Здружението претходно да реализирало проекти од воспитно – образовна работа и да може да го докаже тоа.
  • Со проектот да се опфатени сите општински основни училишта на територија на Општина Центар Скопје.
  • Проектните активности да се реализираат во периодот од октомври до ноември 2024 година.
  • Проектните активности да ги реализираат обучувачи – универзитетски професори од следниве области:
  • Доктор по социолошки науки (од областа на социологијата на општествени девијации)
  • Доктор по социјална работа и социјална политика
  • Доктор по педагошки науки (од областа на методика на воспитна работа)
  • Лекар специјалист од областа психијатрија
  • Обучувачите да имаат претходно искуство со ментално здравје
  • Проектот да предвидува рамномерна старосна и родова застапеност
  • Да се достави финансиски план за потребните средства за реализација на проектот.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

На Конкурсот може да се пријавуваат здруженија на граѓани и други организации од областа на образованието, со регистрирани седишта во град Скопје.

КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ

– Во проектот да се вклучени стручни кадри предвидени во условите за конкурирање;

– Да има добро формулирани цели и резултати од имплементацијата на проектот;

– Да содржи план за вклученост на заедницата во реализацијата на проектот;

– Да содржи план за евалуација на активностите.

КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Проектите ги разгледува стручна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје.

НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето на проектите се врши со доставување пријава. Конкурсот и пријавите ќе бидат објавени на интернет-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Пријавите може да се пратат до Општина Центар-Скопје, ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје или да се поднесат во архивата на Општината најдоцна до 15 часот на последниот ден од Конкурсот.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

– Пријава за Конкурс со детален опис на проектот и план на активности (аплицирање, изготвување сопствена пријава);

– Портфолио на подносителот на проектот;

– Биографии на лицата вклучени во проектот;

– Решение за регистрација или тековна состојба не постара од шест месеци на здружението/организацијата (за здруженија и клубови);

– Потврда за активна ТРС.

ПОСТАПКА ВО ВРСКА СО ЈАВНИОТ ПОВИК

Пријавите доставени по завршувањето на Конкурсот и нецелосно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.

Материјалите и пријавите што се доставени за Конкурсот не се враќаат.

Конкурсот ќе трае пет (5) дена од денот на објавувањето, односно до 15.10.2024 година до 15 часот, а ќе биде објавен на интернет-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Учесниците писмено ќе бидат информирани за резултатите од Конкурсот.

Финансиската поддршка изнесува 200.000,00 денари, во рамките на предвидените средства во Програмата за образование и Буџетот на Општината.

Овој износ му се доделува на еден учесник и тој целосно треба да ги реализира проектните активности.

Средствата се исплатуваат еднократно.

По завршувањето на проектот здружението што го добива проектот треба да достави:

  • детален извештај за текот на активностите (со вклучени фотографии и листи на учесници) и
  • комплетен финансиски извештај (фактури, договори и докази за плаќање) за целиот период.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...