Во просториите на Домот на култура „Илинден“ се одржа презентација на Физибилити студија за систем за управување со органски отпад со компостара за општините Илинден и Гази Баба“.
На презентацијата присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, претставници од Општина Гази Баба и Скопски плански регион, претставници од јавни комунални претпријатија и општинската администрација.
Во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион овој проект е финансиски поддржан од страна на УНДП, а станува збор за изработка на Физибилити студија и комплетна техничка документација за управување со органски отпад со компостара за двете општини.
Во рамки на презентацијата беше истакнато дека единиците на локалната самоуправа играат значајна улога во интегрирано и одржливо управување со био-отпадот пришто се иницира воспоставување на систем за управување со био-отпад со компостирање за општините Илинден и Гази Баба. Во студијата се анализирани реално изводливи приоритети и со реална финансиска конструкција за нивна реализација, со посебен акцент на компостирањето.
Компостирањето е процес на контролирано аеробно разградување на био-разградливите материјали и добивање на краен продукт – копмост, кој може да се користи како органско ѓубриво во земјоделството, градинарството и хортикултурно уредување на паркови и зеленило.
Извор: Општина Илинден