spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Пуштено во употреба игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Илинден: Пуштено во употреба игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Жителите од населеното место Бујковци добија комплетно реконструирано спортско игралиште за мал фудбал, кое беше пуштено во употреба.

Во рамки на реконструкцијата целосно е обновен теренот со нов асфалтниот слој и обележување на истиот, поставено е целосно ново лед осветлување, променета е заштитната ограда околу целиот терен, поставени се корпи за отпадоци, како и просторот е партерно уреден со што овој спортски терен доби сосема нов лик.

Спортското игралиште го посети и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истскна дека младите од Бујковци добија убаво уреден простор каде во спортски дух можат да го поминуваат слободното време. Тој додаде дека средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, а во наредниот период ќе се продолжи и понатаму со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски игралишта во сите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Карпош: Известување

0
Почитувани карпошани, би сакале да Ве известиме дека Јавниот повик за субвенционирање за промена на стари и поставување на нови лифтови, како и реконструкција на...