Во организација на Европската комисија и DG Agri на 9 и 10 октомври во Brussels, Belgium се одржа TAIEX Multi-country Workshop за имплементација на ИПАРД програмите .На покана од организаторот АФПЗРР ја претставуваше директорот Илија Стоилев заедно со тим од секторите за имплементацијата на ИПАРД програмите.На настанот присуствуваа претставници на Националното координативно тело од МЗШВ ,Министерството за финансии и ревизорското тело.Присутни беа претставници од сите земји кандидатки за членство во ЕУ ,а обуката и искуствата ги презентираа експерти од Европската комисија DG-Agri и земјите членки на ЕУ.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој