spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: ЗМЕП Трајков се сретна со европратеничката Марион Валсман од Европската народна...

МЕП: ЗМЕП Трајков се сретна со европратеничката Марион Валсман од Европската народна партија (ЕПП)

Утрово во Брисел, заменик министерката за европски прашања се сретна со Марион Валсман од Европската народна партија (ЕПП). На средбата се разговараше за европскиот пат на Македонија како и фокусот на Новата Влада насочен кон економска интеграција кон ЕУ, регионална соработка, забрзување на фундаменталните реформи и финансиска помош на реформите.ЗМЕП Трајков се заблагодари за големата поддршка што Валсман и ја дава на нашата држава и како член на Мешовитиот парламентарен комитет за соработка меѓу МK и ЕУ.ЗМЕП Трајков истакна дека Македонија што поскоро заслужува да биде дел од големото европско семејство: како нова Влада работиме на суштински работи, преземаме суштински мерки, најпрво да ја приближиме државата кон европските стандарди и регулативи.

Најдобар доказ за тоа е прифаќањето на Реформската агенда која што и даде на државата пристап до Планот за раст. Треба да се најде решение кое што ќе не одблокира од техничка гледна точка за да можеме да ги отпочнеме преговорите.”- рече ЗМЕП Трајков.

Извор: Министерство за Европски Прашања

Прочитајте

МЕП: Средба на МЕП Муртезани со директорот Нојкирх од Советот на...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со Клаус Нојкирх, директор за координација на програми при Советот на Европа, на која беа...