spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии...

МОН: Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи за 2024/2025 година

Врз основа на член 49 став 5 од Законот за студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14,146/15, 30/16, 178/16 и 64/18, 20/19 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/19 и 248/20) и Решението за распишување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската  2024/2025  година бр. 19-10954/1 од 16.10.2024 година, Министерството за образование и наука, распишува

Конкурс

за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2024/2025 година

Министерството за образование и наука за студиската 2024/2025 година со конкурсот ќе додели вкупно 150 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македoнија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Право на стипендија имаат студентите запишани на студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните високообразовните установи во Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:

1. Да се припадници на ромската етничка заедница;

2. Да се државјани на Република Северна Македонија;

3. Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Стипендиите за студенти Роми ќе се доделат согласно следните критериуми:

1. Постигнатиот среден успех на кандидатот од сите години од средното образование, за студентите кои се запишани во прва година на студии;

2. Постигнатиот среден успех од сите претходни студиски години за студентите кои студираат во сите останати години;

3. Да се редовни студенти на некој од јавните или приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2024/2025 година;

4. Предност при селекција ќе имаат студентите Роми кои студираат на јавните или приватните факултети во Република Северна Македонија кои образуваат наставен кадар.

Студентите кои во студиската 2023/2024 година биле корисници на стипендија од Министерството за образование и наука, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2024/2025 година.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата изнесува 6,000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година.

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а најдоцна до 01.11.2024 година. Потребните документи за аплицирање се следните:

A) За студенти запишани во прва студиска година потребни се следните документи:

1. Оригинал потврда за редовен студент во студиската 2024/2025 година (скенирана);

2. Скенирани оригинални свидетелства од сите 4 години од средно образование;

3. Скенирано уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

4. Трансакциска сметка на име на студентот (скенирана);

5. Потврда од ромски регионални здруженија/организации/невладини дека студентот е волонтер и активно учевствува во активности поврзани со ромската заедница (скенирана).

Б) За студентите од сите останати студиски години, потребни се следните документи:

1. Оригинал потврда за редовен студент во студиската 2024/2025 година (скенирана);

2. Скениран индекс;

3. Скенирано оригинал уверение за положени испити;

4. Скенирано уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

5. Трансакциска сметка на име на студентот (скенирана);

6. Потврда од ромски регионални здруженија/организации/невладини дека студентот е волонтер и активно учевствува во активности поврзани со ромската заедница (скенирана).

Некомплетно пополнетата апликација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кандидати кои се пријавиле на Конкурсот.

                                                                    

Министерство за образование и наука

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МЛС: Подобрена е ефикасноста за заштита и превенција од пожари во...

0
Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија овозможија кумановските пожарникари побрзо и поефикасно да се справуваат со пожарите на отворено преку...