На средбата се дискутираше за констатираните состојби во затворите и потребите за подобрување на материјалните услови ,инфраструктурата , здравствената заштита на затворените и притворените лица, како и за финализирањето на Проектот за реконструкција на казнено-поправните установи.
Беше истакнато значењето за унапредувањето на човековите права на затворените и притворените лица.
Министерството за правда, во соработка со Управата за извршување санкции и натаму активно работи на подобрување на условите во затворите зајакнувајќи ја редовната комуникација и координација меѓу релевантните институции.
Извор: Министерство за правда