spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Министерот Трипуновски потпиша договор со Институтот за сточарство и рибарство за...

МЗШВ: Министерот Трипуновски потпиша договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка за инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство во износ од околу 12 милиони денари.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста на предлогот за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство но не повеќе од 11.979.283 денари со вклучен ДДВ.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Мицкоски најави нова инвестиција од 8,5 милиони евра и вработување на...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, приоритет на...