Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка за инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство во износ од околу 12 милиони денари.
Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста на предлогот за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство но не повеќе од 11.979.283 денари со вклучен ДДВ.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство