spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Министерот Трипуновски потпиша договор со Научниот институт за тутун – Прилеп...

МЗШВ: Министерот Трипуновски потпиша договор со Научниот институт за тутун – Прилеп за користење на финансиска поддршка од над 25 милиони денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во просториите на Министерството со претставниците од Научниот институт за тутун – Прилеп потпиша договор за користење на финансиска поддршка за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на расад на тутун во оранжерии на површина до 0,6 ха. за производство на семе од тутун во износ од 25.500.000 денари.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на расад на тутун во оранжерии на површина до 0,6 ха. за производство на семе од тутун, вклучително и изработка и ревизија на основен проект за инсталирање на оранжерија кои не смеат да учествуваат повеќе од 10% од вредноста на инвестицијата, во висина не повеќе од 25.500.000 денари со вклучен ДДВ од кој максималната вредност за изработка на основен проект е до 2.550.000 денари со вклучен ДДВ.

„Со овој договор за користење на финансиска поддршка сакаме да помогнеме на Научниот институт за тутун – Прилеп бидејќи е  тесно поврзан со претпријатијата за производство и обработка на тутун“, истакна министерот Трипуновски.

Тој додаде дека преку соработката со Научниот институт за тутун – Прилеп со конкретни активности ќе се учествува во решавањето на проблемите во тутунопроизводството.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте