Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена кој се одржа во село Дихово, Битола.
„Рурална жена претставува моќен синоним на посветена, истрајна и храбра жена. Приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се овозможат услови кои се потребни за нормално функционирање на руралната жена, бидејќи таа е херој во ова време“, истакна министерот Трипуновски.
Тој додаде дека моментов според Регистарот во Министерството активни рурални жени има 29.971. Од нив 3.918 се жени до 40 годишна возраст.
„Сметам дека тенденцијата треба да биде зголемена и во наредниот период затоа што руралната жена е столбот на македонското општество“, нагласи Трипуновски.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство