spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Светскиот ден на храната

МЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Светскиот ден на храната

„Нашите политики се насочени кон обезбедување на еднаков пристап до хранлива и безбедна храна за сите, особено за најранливите групи во општеството“, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствувајќи на настан организиран од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по повод Светскиот ден на храната под темата „Право на храна за подобар живот и подобра иднина“.

Настанот има за цел да го истакне клучниот придонес на малите земјоделци, кои произведуваат околу една третина од храната глобално. Малите земјоделци се хероите на денешницата, тие помагаат во остварување на правото на достапна, пристапна, безбедна храна за сите.

„Затоа ја посетивме живинарската фарма на земјоделецот Тони Димевски во село Огњанци, општина Петровец. Мораме да ја зголемиме видливоста на нашите „Херои на храната“ и да ја засилиме поддршката за малите земјоделски стопанства, кои играат клучна улога во обезбедувањето на здраво, квалитетно и достапно производство на храна за сите граѓани“, истакна министерот Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....