spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Меџити се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија Жељаско Радуков

МЖСПП: Меџити се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија Жељаско Радуков

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Жељаско Радуков.
 
Меџити, откако му го честиташе именувањето на новата функција, на бугарскиот амбасадор му посака успешна работа во нашата земја, како и продолжување на соработката во сите области од интерес на двете земји.


 
Двајцата соговорници изразија волја за отворен дијалог, зајакнување на трговската размена, како и протокот на луѓе меѓу двете земји, преку позитивна волја и добри намери.
 
Амбасадорот Радуков минатиот месец е именуван на оваа позиција, а го наследи долгогодишниот бугарски амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...