spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Средба на Лашкоска со Германскиот парламентарен државен секретар д-р Хофман

МЖСПП: Средба на Лашкоска со Германскиот парламентарен државен секретар д-р Хофман

По иницијатива на Германското Сојузно Министерство за екологија, заштита на природата, нуклеарна безбедност и заштита на потрошувачите (BMUV), заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, денес, на маргините на министерскиот состанок, одржа средба со германскиот парламентарен државен секретар д-р Бетина Хофман.

На средбата се разговараше за поддршка од германска страна кон Македонија за пиларот посветен на биодиверзитетот од Зелена агенда за Западен Балкан .

Поддршката би била во насока на подобрување на политичкиот дијалог на министрите надлежни за биодиверзитет во регионот и поддршка на активности на национално ниво.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Мицкоски: Започна изградба на ново основно училиште за 700 ученици во...

0
Добар ден и од мене, почитувани претставници на медиумите. Задоволство за мене претставува секогаш кога ќе бидам дел од ваков настан, каков што е...