spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: После 61 година се гради ново училиште ООУКрсте Мисирков

Гази Баба: После 61 година се гради ново училиште ООУКрсте Мисирков

По 61 година, општинското основно училиште Крсте Мисирков добива нова училишна зграда.

Вкупната инвестиција за реализација на овој проект е 170 милиони денари.

Со реализација на овој проект ќе се изгради ново училиште на приземје и еден кат со вкупна површина од 3128 метри квадратни во кој ќе има 30 кабинети со вкупен капацитет за 713 ученици.

Со изградбата на новото училиште обезбедуваме поквалитетни услови за образование и воспитание на учениците, но и подобри услови за работа на наставниот кадар.

Инвестициите во образованието, претставуваат инвестиции во иднината и токму поради тоа образованието е на врвот на приоритетите на мандатот на градоначалникот Бобан Стефковски.

Изминатите три години на дело покажавме што значи посветена работа, а кога нешто работиш посветено и од срце тогаш резултатите сигурно доаѓаат!

Не очекува уште многу работа која ќе донесе реализација на многу нови капитални проекти.

Нека е со среќа почетокот на изградбата на новата училишна зграда за општинското основно училиште Крсте Мисирков.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

ДКСК: РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИСКРЕЦИОНИ ОВЛАСТУВАЊА И НАЧИНИТЕ НА КОИ МОЖЕ ДА...

0
На 09.10.2024 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата беше организирана работилница на тема “Дискрециони овластувања и начините на кои може...