Општина Илинден и ЈКП ,,Водовод” – Илинден континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа на територија на општина Илинден, со цел задоволување на потребите на корисниците. Со цел поквалитетни услуги побезбедна и поздрава вода за пиење на граѓаните како и здолемување на капацитетот на водоснабдувањето, деновиве се работи на обнова и модернизација на главниот водоснабдителен систем во н.м.Кадино во должина од 700 метри, на дел од ул. 1, односно на подегот од крстосницата кон н.м. Мралино (Маркет Деби), до крстосницата кај млинот Златно Здрно на улица 10 во н.м. Кадино. Во наредниот период ќе се продолжи со втората фаза за обнова на водоснабдителниот систем на потегот од млинот Златно Здно до крстосницата на почетокот од н.м.Марино.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод”-Илинден, Ивица Трипуновски направија увид во работните активности.
Градоначалникот Георгиевски истакна дека модернизацијата опфаќа замена на старите ПВЦ цевки со нови полиетиленски, поради честите дефеци и загуби на вода на овој дел од водоводната мрежа.Обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод” и во наредниот ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем.
Извор: Општина Илинден