spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Ќе се отстрануваат отпадните (хаварисани) моторни возила

Карпош: Ќе се отстрануваат отпадните (хаварисани) моторни возила

Во насока на заштита на животната средина, Општина Карпош ги известува своите сограѓани дека наскоро започнува акција за отстранување на отпадни (хаварисани) моторни возила на јавна површина на целата територија на локалната самоуправа.

Акцијата се спроведува согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад (Сл. весник на РСМ бр.216/21, 195/22) и согласно член 7 и член 63 од Законот за безбедност на патиштата. Доколку граѓаните кои поседуваат вакви моторни возила не постапат според насоките во известувањето, општинските инспекциски служби ќе ги отстранат возилата, а на сопствениците биде им биде изречена парична казна глоба за сторен прекршок.

Во таа насока, апелираме до сите граѓани да ги отстранат возилата кои се во нивна сопственост, а не се во употребна функција односно возна состојба.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

ДКСК: РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИСКРЕЦИОНИ ОВЛАСТУВАЊА И НАЧИНИТЕ НА КОИ МОЖЕ ДА...

0
На 09.10.2024 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата беше организирана работилница на тема “Дискрециони овластувања и начините на кои може...