Министерот за правда, Игор Филков оствари средба со претставниците на Блупринт групата за реформи во правосудството и ја поздрави работата на организацииte кои во изминатите години активно работат и делуваат во областа на правосудството.
На средбата се разговараше за взаемната соработка, ставајќи акцент на сите активности кои следат во областа на правосудството и вклучувањето на експертизата на организациите во процесите кои се од суштинско значење за унапредувањето на принципот на владеење на правото.
Извор: Министерство за правда