spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Сабриу - Интеграцијата на ранливите категории на граѓани во системот покрај...

МСПДМ: Сабриу – Интеграцијата на ранливите категории на граѓани во системот покрај за нив, носи придобивки за целото општество

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, заедно со Министерот за економија и труд, Дурмиши, Раководителот во Делегација на ЕУ во земјава, Албу, Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Бељули, учествуваа на завршната конференција посветена на презентација на постигнатите резултати од спроведените мерки и услуги за вработување поддржани од проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, четврт директен грант на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, финансиран од Инструментот за претпристапна помош. Европската Унија финансиски го поддржа овој Проект како дел од Акциска програма 2017-ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика.

Државниот секретар Сабриу во своето обраќање се осврна на предизвиците со кои се соочуваат ранливите категории на граѓани како бариери во образованието, вработувањето, здравствената заштита и општествената интеграција, што може да води до ограничени можности и предизвици во нивниот секојдневен живот.

„Ќе се осврнам на неколку карактеристики својствени за ранливите категории на граѓани: социјална исклученост, маргинализација, сиромаштија, нееднаквост, дискриминација, сива економија, неписменост. Дел од лицата со овие карактеристики, припаѓаат во категорија на ранливи од самото раѓање, а дел од  нив подоцна како резултат на условите на живот во овие турбулентни времиња во кои живееме“, посочи Сабриу.

Тој ја истакна одговорноста на претставниците на власта и граѓанските организации, во изнаоѓањето на решенија за интеграција на овие лица во системот, од чие што интегрирање бенефит ќе имаат не само самите тие, туку и целото општество.

Сабриу истакна дека краткорочните мерки во време на криза не се доволни и дека треба да се работи на долгорочни како што е обезбедувањето на пристојна работа која претставува излез од сиромаштијата.

„Всушност и целта на социјалната реформа во државата е поддршка на ранливите во моментите на ранливост со влез во системот на социјална заштита, но и излез од него, односно поддршка за нивно интегрирање на пазарот на труд. Загрижувачки се податоците на Државниот завод за статистика, според кои  само 52,3% од работоспособното население е активно, што значи голем неискористен потенцијал во услови кога бизнисот се соочува со недостиг на работна сила“, рече Сабриу.

Тој се осврна и на податоците за младите кои исто така се загрижувачки.

„Во 2023 година од 103 илјади невработени лица 35 илјади се млади лица на возраст од 20-29 години. Дополнително, многумина не се ниту во процес на образование или на некаква обука. Од таа причина од исклучително значење се активностите за поддршка и активација на младите лица за нивно вклучување на пазарот на трудот“, истакна Сабриу.

На крајот, тој повика на уште позасилена акција од сите вклучени во процесите. Затоа што, како што рече Сабриу, да се биде во позиција на ранлив, значи да се наоѓаш во ситуација каде што си изложен на ризици или потешкотии, било да се работи за економски, социјални, здравствени или други предизвици.

„Подадената рака е половина завршена работа!“, порача на крајот од своето обраќање Сабриу.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...