spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба Лимани-Ѓека - Црна Гора и Македонија се пријателски земји, ја...

МСПДМ: Средба Лимани-Ѓека – Црна Гора и Македонија се пријателски земји, ја зајакнуваме соработката во областите кои не поврзуваат

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со Министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека.

На средбата двете страни разменија искуства во областите кои ги покриваат двете министерства, како заштитата на човековите права и слободи, борбата против дискриминацијата, родовата еднаквост, заштита и правата на лицата со попреченост, социјалната инклузија на Ромите и евроинтеграциите на земјите.

Соговорниците се согласија дека вратата на Европа треба да биде отворена за земјите од Западен Балкан, со еднакви шанси за сите, без условувања. 

Двете страни искажаа подготвеност за продлабочување на соработката и взаемна поддршка во креирањето на политиките и размена на позитивни искуства од кои имаат придобивки ќе имаат граѓаните на двете земји со акцент на ранливите категории на граѓани.

Од страна на Министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека беше упатена и покана за работна посета на Црна Гора, со цел зајакнување на меѓусекторската работа помеѓу двете министерства.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте