spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Велковски во работна посета на Општина Крушево

МСПДМ: Велковски во работна посета на Општина Крушево

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски беше во работна посета на општина Крушево, при што оствари средба со градоначалникот Томе Христовски, на која што детално се разговараше за клучните предизвици со кои се соочува општината, особено во делот на предучилишното образование, социјалните услуги и загрижувачкиот тренд на иселување на младите. 

Двајцата соговорници се согласија дека иселувањето е еден од најголемите проблеми што го засега целиот регион и потребно е да се преземат итни мерки за задржување на младите генерации и создавање на услови за нивен развој и успех во сопствената заедница.

Заменик министерот Велковски го посети и дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби, каде беа донирани ранци од Универзитетот „Скопје”. 

“Оваа донација е важен чекор за поддршка на ранливите групи во општината и ја покажува посветеноста на академската заедница кон социјалната одговорност”, рече заменик министерот и притоа упати благодарност до ректорот на Универзитетот „Скопје”, проф. д-р Аце Миленкоски и до самиот Универзитет за нивната голема поддршка и солидарност.

Работната посета на Крушево, заменик министерот Веловски ја продолжи со посета на детската градинка „Гонча Туфа“. Тој беше информиран за состојбата во установата, условите во кои се згрижени децата, како и предизвиците со кои се соочува градинката. 

“Образованието на најмладите е темел за развојот на секое општество и затоа е неопходно да се обезбедат квалитетни и безбедни услови за децата уште од најрана возраст”, подвлече Велковски.

Работната посета на Општина Крушево, Велковски ја заокружи со посета на Центарот за социјални работи Крушево. На оваа работна средба стана збор за тековната ситуација и можностите за подобрување на услугите што ги нуди центарот. 

“Социјалните работници се столбот на заштитата на најранливите категории на граѓани и нивната улога е клучна во обезбедувањето на поддршка за семејствата и поединците на кои им е најпотребна помош”, потенцираше Велковски.

Оваа активност е дел од континуираната работа на терен, со цел, од прва рака, да бидат слушнати проблемите и предизвиците со кои се соочувааат граѓаните, како и начин да дојдеме до заеднички прифатливи решенија. 

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

ДКСК: РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИСКРЕЦИОНИ ОВЛАСТУВАЊА И НАЧИНИТЕ НА КОИ МОЖЕ ДА...

0
На 09.10.2024 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата беше организирана работилница на тема “Дискрециони овластувања и начините на кои може...