spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Презентација на посебните извештаи за претседателските и парламентарните избори 2024

ДКСК: Презентација на посебните извештаи за претседателските и парламентарните избори 2024

Државната комисија за спречување на корупцијата, со поддршка на Националниот демократски институт, на 16 октомври 2024 година, организираше презентација на посебните извештаи за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на претседател на Република Северна Македонија и во финансирањето на изборната кампања за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Извештаите се изготвени со поддршка од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), Националниот демократски институт (НДИ) и Националната фондација за демократија (НЕД) од САД.

На настанот, присутните со свое воведно обраќање ги поздрави претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, додека членот на ДКСК м-р Цвета Ристовска се осврна на главните наоди и согледувања и утврдените слабости од надлежното постапување на ДКСК во време на изборните процеси.

При презентирањето, главен акцент се даде на утврдените системски слабости во изборниот законик, при што свои согледувања од аспект на спроведување на нивните законски надлежности дадоа претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко,  директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски и генералниот секератар на Државниот завод за ревизија Александар Поповски.

На крајот се отвори дискусија во која претставниците на надлежните институции и граѓанските организации разменија размислувања за надминување на системските слабости, потребата за измена на законската рамка како и други прашања поврзани со спроведувањето и следењето на изборниот процес.

На основа на презентираните извештаи и дискусиите, идентификувани се следните клучни области за идни активности:

-Препорака за иницирање на законски измени со цел подобрување на траспарентноста и контролата во финансирањето на изборните кампањи;

-Поттикнување на соработка помеѓу ДКСК, Државната изборна комисија и други надлежни институции за зајакнување на механизмите за мониторинг;

-Развој на образовни програми за кандидати и политички партии за усогласување со законските прописи и етичките стандарди;

-Утврдување на механизми за периодично следење и оценка на спроведувањето на новите законски решенија;

-Активна улога на граѓанските организации во мониторингот на изборниот процес и финансирањето на изборните кампањи. Следењето на овие активности ќе придонесе за злолемување на интегритетот и довербата на изборниот процес во Република Северна Македонија.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

МТ: Николоски од Солун – Економскиот развој на регионот зависи од...

0
Започнавме структурни реформи во сите сектори. Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во...