spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИСКРЕЦИОНИ ОВЛАСТУВАЊА И НАЧИНИТЕ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ...

ДКСК: РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИСКРЕЦИОНИ ОВЛАСТУВАЊА И НАЧИНИТЕ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ УПРАВУВА СО НИВ

На 09.10.2024 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата беше организирана работилница на тема “Дискрециони овластувања и начините на кои може да се управува со нив”. Настанот беше организиран во рамките на проектот “Партнерство против корупција” преку поддршшка на Американската развојна агенција УСАИД.

Воведни обраќања на настанот имаа заменик претседателот на Државната комисија, г. Сервет Демири, заедно со претставникот на УСАИД, г. Томе Шекерџиев, и заменик директорот на проектот “Партнерство против корупција”, г. Костадин Кус-Иванов.

Во своето обраќање, г. Демири се осврна на добрата соработка и партнерски однос помеѓу Државната комисија и УСАИД, а меѓудругото, истакна: “Дискреционите овластувања се огромна моќ во рацете на вршителите на јавни функции кои особено се користат при вработувањата, назначувањата, изборите, надоместоците и градежни дозволи. Иако до сега Државната комисија направи интервенции и напори за намалување и управување на дискреционите овластувања, посебно преку следењето на системот на интегритет, се утврдува дека нема големи позитивни промени.

Дискреционите овластувања како ризик од корупција не можат целосно да се отстранат, но тие можат да се сведат на минимум со поставување на јасни граници на дискреционите овластувања, а второ со следење на усогласеноста со нив на дневна основа.”

На работилницата, на која беа присутни 31 претставник од различни институции, вклучувајќи ја и Државната комисија, се презентираа подготвените материјали за дискреционите овластувања и процесот на нивно управување, со цел давање на јасна насока за намалување на можностите за (зло)употреба.

Настанот е афирмација за потребата од зајакнување на отпорноста на институциите од корупција, а сите претставници беа активно вклучени во работниот дел, со цел здобивање на нови знаења и вештини за тоа како да ги препознаат и правилно да ги применат дискреционите овластувања во институцијата во која работат.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте