spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Ново детско катче во Црешово

Гази Баба: Ново детско катче во Црешово

Градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Црешево каде што се изгради ново детско катче со најсовремени реквизити за детска забава.

Од еден простор на кој често се вршеше диво одлагање на отпад, создадовме место за забава на најмладите и место за одмор на повозрасните.

Просторот комплетно го уредивме со павер елементи и на истиот поставивме урбана опрема.

Ова е 50-то детско забавно катче кое го изградивме во овие три години од мандатот на градоначалникот Бобан Стефковски.

Извор: Општина Црешово

Прочитајте