Денес, 21.10.2024 година, на иницијатива на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во Државниот завод за ревизија се одржа работна средба помеѓу Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата г-ѓа Татјана Димитровска и членовите на ДКСК, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, в.д.директорот на Бирото за јавни набавки г-ѓа Маре Богева и г.Илмиасан Даути, програмски аналитичар во канцеларијата на УНДП во Република Северна Македонија.
На работната средба претставниците на ДКСК, ДЗР и Бирото за јавни набавки разговараа за можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка, особено во областа на доброто владеење, борбата против корупцијата, транспарентноста и отчетноста, зајакнување на капацитетите на институциите, како и унапредување на правната рамка во надлежност на овие институции.