На покана на ЕУ Унгарија како земја претседавач со ЕУ во Будимпешта на 17-18 .10.2024 година се одржа 56-та конференција на директори на платежни агенции на земји членки и кандидати за членство во ЕУ.Директорот на АФПЗРР Илија Стоилев учествуваше на настанот каде се презентираше извештајот од претходните активности и се разгледа извештајот од наодите на ОЛАФ.Земјите членки на ЕУ ги презентираа најновите планови за напредно функционирање на платежните агенции.
Целта на оваа конференција беше да се зголеми внатрешната ефикасност на платежните агенции како и професионализација на земјоделскиот сектор.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој