spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплата на средства од Програмата за Интервентен Фонд во земјоделството

АФПЗРР: Исплата на средства од Програмата за Интервентен Фонд во земјоделството

 Денес од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  ќе бидат исплатени средства во износ од 40.508.624,00 денари кон 22 корисници по Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година, подмерка 1.2. „Финансиска поддршка за откупено винско грозје и произведено од сопствен насад од страна на регистрирани производители на вино кои истовремено се регистрирани откупувачи на винско грозје и го преработиле во сопствените капацитети за производство на вино“.

Корисници се производители на вино кои се запишани во Регистарот на производители на вино и во Регистарот на откупувачи на винско грозје кои се водат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и кои винското грозје откупено од земјоделски стопанства од реколта 2024 година и винското грозје произведено од сопствен насад од реколта 2024 година го имаат преработено во сопствените капацитети за производство на вино.

Висината на поддршката изнесува 1 денар по килограм откупено како и произведено винско грозје од сопствен насад од реколта 2024 година.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте