spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства и за заклани...

АФПЗРР: Исплатени директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства и за заклани гоеници во кланичен капацитет

Исплатени директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства и за заклани гоеници во кланичен капацитет

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по два основи по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и тоа:

1.Директни плаќања за презимени пчелни семејства за земјоделски стопанства кои поседуваат над 50 пчелни семејства.  Висината на поддршката изнесува дополнителни 200 денари по пчелно семејство. За оваа намена се исплатија 1.060  пчелари во износ од 21.748.000 денари.

2. Директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет за земјоделски стопанства кои одгледале и заклале гоеници во период од мај 2022 до април 2023 година. Висината на поддршката изнесува 1.000 денари по заклано грло. За оваа намена се исплатија 123 одгледувачи на гоеници во износ од 144.671.518 денари.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте