Општина Ѓорче Петров постави нови контејнери за рециклирање отпад во сите основни училишта и градинки.
Воспитуваме нови генерации млади екохерои. Нашата цел е да ги учиме децата од најрана возраст за важноста од правилната селекција на отпад и за грижата за нашата животна средина. Со оваа иницијатива, заедно ќе изградиме посветла и поздрава иднина.
Грижата за животната средина започнува од најмладите. Нека нашите најмлади станат амбасадори на екологијата во нашето Ѓорче.
Извор: Општина Ѓорче Петров