Министерството за јавна администрација, Ве известува дека на 28 октомври 2024 година, со почеток во 10:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Северна Македонија, ќе се одржи јавна расправа во рамките на 9. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На расправата ќе бидат презентирани работните верзии на следните предлог-закони:
-Предлог на закон за административни службеници
-Предлог на закон за вработените во јавниот сектор
-Предлог на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата: https://www.sobranie.mk/ns-newsarticle-javna-rasprava-na-komisijata-za-politicki-sistem-i-odnosi-megu-zaednicite.nspx.