Општина Дебар продолжува со реализацијата на вториот сегмент за реконструкција на патот во Ново Коњаре, со кој проект се предвидени следните главни позиции: отстранување на стариот патен материјал (калдрма), изградба на нова атмосферска мрежа, тампонирање на патиштата, поставување на ивичњаци, и асфалтирање на патот. Дополнителна работа беше и нивелирањето на шахтите во првиот сегмент.
Истите позиции се реализираат и во вториот сегмент со разлика што се состои во реконструкција на фекалната канализација која е целосно финансирана од буџетот на општина Дебар, а реализатор е НПК Стандард Дебар.
Финансирањето на техничката документација на проектот е направено од буџетот на општина Дебар, додека реализацијата на проектот е овозможена со кофинансирање кое е добиено од аплицирањето на Општина Дебар во огласот на Бирото за регионален развој каде директор беше г-дин Рамиз Реџепи и од буџетот на општина Дебар.
Им благодариме на сите кои беа и се за поддршка на овој проект и ние како општина ќе помогнеме на секој можен начин, без никакви заштеди, да се подобрат условите на овие жители.
Ги повикуваме и сите заинтересирани кои сакаат да дознаат нешто повеќе за напредокот на овој проект, општина Дебар е секогаш подготвена да обезбеди точни и официјални податоци со единствена цел да нема простор за манипулации и дезинформации на јавноста од страна на разни ненадлежни поединци.
Жителите на Коњара, како и жителите на другите населби во Дебар, заслужуваат уште повеќе, затоа општина Дебар ќе продолжи да се грижи во реализацијата на други инфраструктурни проекти, за кои ќе бидете информирани континуирано.
Извор: Општина Дебар