spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Хисар: Четири ученици од ООУ „Гоце Делчев“ учествуваа на Вики Кампот...

Демир Хисар: Четири ученици од ООУ „Гоце Делчев“ учествуваа на Вики Кампот во Струга

На Вики Кампот кој викендов се одржа во Струга, ученичката од ООУ „Гоце Делчев“, Љубица Калаповска го освои II-то место на национално ниво, со преведени и уредени 14 статии за Википедија на македонски јазик, на тема: „Климатски промени и зелена транзиција”.

На овој камп, за прв пат беше овозможено бесплатно учество со полн пансион на 4 ученици од ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар, а истото е резултат на Меморандумот кој на иницијатива на Локалниот-економско социјален совет, градоначалникот Никола Најдовски го потпиша со претставници на Американската фондација „Викимедија“.

Останатите ученици од Демир Хисар, исто така, постигнаа забележителни резултати и заеднички успеаа да преведат и уредат над 30 статии од англиската на македонската Википедија, со што дадоа исклучително значаен и траен придонес за збогатување на содржините на Википедија, односно за афирмација на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо.

Соработката со Википедија продолжува и понатаму, a во наредна фаза е планирано формирање на Сениор Вики клуб во Демир Хисар, кој ќе биде обучен да создава нови содржини на Википедија на македонски јазик, со акцент на промовирање и афирмирање на културното и историско наследство на Општина Демир Хисар, со што ќе се зголеми туристичката атрактивност на нашето поднебје.

Извор: Општина Демир Хисар

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...