Во рамките на започнувањето на активностите за изработка на буџетот на Општина Кичево за 2025 година и според агендата, ова беше првиот состанок каде Општина Кичево одржа средба со претставници на Економската комора, со цел да ги слушне идеите и предлозите од страна на бизнис заедница за буџетот за 2025 година.
За време на состанокот беа дискутирани важни прашања како локалниот економски развој, поддршката на бизнисите и подобрувањето на инфраструктурата.
Тесната соработка помеѓу општината и бизнис заедницата беше оценета како суштинска за изработката на буџет кој ги одразува потребите и приоритетите на граѓаните.
Извор: Општина Кичево