spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Министерот Андоновски се обрати на 19-та конференција на МАСИТ

МДТ: Министерот Андоновски се обрати на 19-та конференција на МАСИТ

 ,,На македонскиот ИКТ сектор му требаше силен институционален партнер и денес, преку Министерството за дигитална трансформација, конечно го има. Нашите заеднички цели за зајакнување на конкурентноста, поттикнување на иновациите и зголемување на извозните капацитети се темел на кој ќе градиме дигитална и просперитетна Македонија“.

Ова меѓу другото го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во обраќањето на 19-та конференција на МАСИТ– Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.

Андоновски посочи дека формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација всушност е јасен сигнал за определбата на Владата да ја постави дигитализацијата како еден од своите стратешки приоритети.

Министерот во говорот ги претстави конкретните активности што се преземаат за развој на ИКТ индустријата: формирањето на Националниот совет за дигитална трансформација со кој претседава Премиерот, изработката на Стратегиите како што е Националната ИКТ Стратегија која ќе се изработи во тесна соработка со МАСИТ и целиот ИКТ Сектор, како и активностите за воспоставување на сеопфатна сајбер безбедносна инфраструктура, не заборавајќи притоа да ја истакне и силната заложба за задржување во земјата на квалитетниот ИКТ кадар преку заедничка соработка и изнаоѓање системски решенија.

,,Особено значајна е нашата определба за воспоставување на целосно нов, централизиран пристап во управувањето со дигиталната трансформација. Наместо дисперзирани надлежности низ различни институции, конечно имаме координиран систем со јасна визија и конкретен акциски план. Во оваа трансформација, МАСИТ има клучна улога како стратешки партнер во организирањето обуки, поттикнувањето истражувања и стручното усовршување на ИТ кадрите. Вашата експертиза е драгоцена во подготовката на законската регулатива и давањето стручни мислења од ИКТ областа, Преку партнерство со МАСИТ и целиот ИКТ сектор, ја градиме дигиталната иднина на Македонија“, потенцираше Андоновски.

Инаку, на оваа конференција, клучни предавања, панел дискусии и презентации ги споделуваа своите експертски знаења и искуства од областа на вештачката интелигенција (AI), на теми меѓу кои и:“Вештачка интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација”.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...