spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Средба на ЗМ Ристески со членовите на Управниот одбор на Стопанската...

МЕТ: Средба на ЗМ Ристески со членовите на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија

На покана на Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари средба со членовите на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија.

На средбата беа дискутирани повеќе теми, како што се економската состојба во државата, процесот на имплементацијата на Законот за нефер трговски практики, економските политики на Владата, активностите на министерството за поддршка на компаниите, стопанството и малите и средни претпријатија, како и потребата за поголема општествена одговорност кај компаниите.

На средбата е оценето дека соработката помеѓу министерството за економија и труд и Стопанската комора на Македонија е на високо ниво и истата треба да се продлабочи и интензивира.

Министерството за економија и труд е партнер на приватниот сектор, тие се двигателот на економскиот развојот и креатор на нови работни места, ние во континуитет ќе го поддржуваме развојот на стопанството и компаниите.

Извор: Министерство за економија и труд

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...