На покана на Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари средба со членовите на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија.
На средбата беа дискутирани повеќе теми, како што се економската состојба во државата, процесот на имплементацијата на Законот за нефер трговски практики, економските политики на Владата, активностите на министерството за поддршка на компаниите, стопанството и малите и средни претпријатија, како и потребата за поголема општествена одговорност кај компаниите.
На средбата е оценето дека соработката помеѓу министерството за економија и труд и Стопанската комора на Македонија е на високо ниво и истата треба да се продлабочи и интензивира.
Министерството за економија и труд е партнер на приватниот сектор, тие се двигателот на економскиот развојот и креатор на нови работни места, ние во континуитет ќе го поддржуваме развојот на стопанството и компаниите.