spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Димитриеска-Кочоска - Препознаени напорите на Владата за фискална консолидација, изразена поддршка...

МФ: Димитриеска-Кочоска – Препознаени напорите на Владата за фискална консолидација, изразена поддршка од на ММФ и СБ

Напорите на новата Влада за фискална консолидација се препознаени од страна на меѓународните финансиски институции и за тоа даваат поддршка. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од Вашингтон по средбите со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

„На состаноците истакнавме дека фискална консолидација не можеме да направиме преку ноќ и дека за тоа е потребно време. Најважно е дека покажуваме желба којашто може да се види од Фискалната стратегија, којашто е усогласена и предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 4%. Тоа е она што е најважно“, истакна министерката во изјава за ТВ Алфа.

Таа потенцира дека особено радува фактот што на состаноците е забележано дека и таа како како министер за финансии и новата Влада навистина максимално вложуваат напори да ги подобрат резултатите на државата и тие напори се препознаени од страна на претставници на меѓународните финансиски институции.

Изрази уверување дека ни претстои одлична соработка во наредниот период, како и вложување напори во водење политика со постепена фискална консолидиција, внимателно трошење на буџетските средства и истовремено преземање мерки за борба со сивата економија.

Министерката за финансии учествуваше на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон, каде што имаше и состаноци со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте