spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска - Ги поддржуваме младите да студираат на врвни светски универзитети,...

МОН: Јаневска – Ги поддржуваме младите да студираат на врвни светски универзитети, но силно ги охрабруваме да се вратат и да ја градат иднината во својата земја

Интерес на нашата државата е да ги поддржи младите да студираат на престижни странски универзитети, каде што се споделуваат врвни технологии, иновации и најдобри практики. Сепак, нашата крајна цел останува тие да се вратат дома. Со стекнатите знаења и вештини надвор, сите млади луѓе можат многу да придонесат за технолошкиот напредок и да го поддржат севкупниот раст на нашата економија. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на отворањето на саемот „Студии во Франција“ денес во Скопје.

Таа се заблагодари на Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје за презентирањето на академските можности на Франција, којашто има реноме како една од водечките светски високообразовни дестинации, со универзитети кои се рангирани меѓу најпрестижните во светот. Тоа го постигнуваат со иновативните студиски програми кои комбинираат теоретско знаење и практична примена, како и со вклученоста во современи истражувања, а за студентите е привлечна и нивната богата културна понуда.

„Министерството за образование и наука ја поддржува образовната мобилност, и за студирање на реномирани странски високообразовни установи доделува и стипендии. Јас како министерка силно го поддржувам ЕУ концептот за преминување од „одлив на мозоци“ кон „циркулација на мозоци“. Ова значи дека студентите и професионалците кои стекнале знаења и вештини во странство, се охрабруваат да се вратат  во нивните матични земји“, нагласи Јаневска.

Министерката изрази увереност дека новата Влада со стимулативни мерки ќе ги поттикне младите кои стекнале академско ниво во странство, да се вратат дома и да учествуваат во градењето на иднината на својата земја.

Саемот е и можност за воспоставување билатерална соработка меѓу нашите и француските универзитети.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МОН: Повик за учество на вебинари во организација на полското Министерство...

0
Во контекст на полското претседателство со Вишеградската група (В4), полското Министерство за образование организира два вебинари на кои се поканети и наставници, едукатори, службеници...