spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Објавена анализата на УНЕСКО за квалитетот на националниот образовен систем

МОН: Објавена анализата на УНЕСКО за квалитетот на националниот образовен систем

УНЕСКО ја објави анализата на квалитетот на националниот образовен систем, која се базира на 15-годишни податоци, финансирана од Европската Унија и спроведена од Институтот за европски политики на УНЕСКО, во соработка со Министерството за образование и наука.

Меѓу клучните наоди е постојаниот пораст на нивоата на упис на сите степени на образование, при што растот на потребата за образование се објаснува со подобрените социо-здравствени индикатори. Уписите во основното образование се приближуваат до 100%, со постигната родова еднаквост, додека средното образование е зголемено за 15 процентни поени. Сепак, иако има раст на времето што децата и младите го минуваат во училиште – на 15,7 години, тоа е под европскиот просек од 19,4 години. Има поголема синхронизација помеѓу образовниот систем и пазарот на трудот.

Во анализата се констатира дека државата се соочува со намалување на населението на училишна возраст, делумно поради внатрешната миграција во урбаните центри и надворешната миграција на семејствата и младите дипломци. Значајна загриженост предизвикува феноменот на одливот на мозоци.

Иако е постигнат значителен напредок во развојот на одредени компоненти на националниот образовен систем, има простор за подигнување на квалитетот на образованието. Наменета за креаторите на политиките, оваа анализа преку препораките ќе помогне за полесно справување со предизвиците за градење поквалитетно образование.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте