spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Продолжува соработката со Швајцарија за подобрување на условите на живот на...

МЖСПП: Продолжува соработката со Швајцарија за подобрување на условите на живот на граѓаните

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари средба со Мариса Руоз програмскиот менаџер на Државен секретаријата за економски работи на Швајцарија (SECO), Кармен Тонисен регионален советник за води и животна средина и Станислава Додева национален програмски советник во Амбасадата на Швајцарија во Скопје.

Во пријатна атмосфера тие разговараа за досегашната добра соработка и проектите што партнерски ги реализираат Министерството и SECO, но и за инфраструктурни проекти што заедно би ги отпочнале во 2025 година, а со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и заштита на природата и животаната средина.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте