spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Есенско Зазеленување

Карпош: Есенско Зазеленување

Денеска, по повод роденденот на Општина Карпош, трети ноември, на плоштадот ,,Кузман Јосифовски Питу”, се засадија првите садници во рамки на есенското зазеленување.  Во оваа еко акција, предвидени се да се засадат вкупно 346 садници на територија на Општината, и тоа листопадни и зимзелени  дрвја од видот : горски јавор, каталпа, црвенолисна слива, албиција, црн јасен, багрем, џиновска туја, црвенолисен јавор,  црвен костен, келројтерија, фотинија дрво и  ликвидамбар.

Во оваа прилика, градоначалникот Стевчо Јакимовски се обрати и ги соопшти информациите за есенското зазеленување.   

-Општина Карпош секоја година има есенско и пролетно садење на дрвца. Секоја година издвојуваме милион и 400 илјади денари. На пролет ќе ни останат уште 400 илјади денари за пролетно садење, за она што евентуално нема да ни успее во текот на зимата,па да се обнови. На овој начин би сакале да ја поттикнеме еколошката свест кај граѓаните, да ја чуваме зелената површина бидејќи нашиот Карпош е најзелена Општина во главниот град – рече Јакимовски.

     

          

Од буџетот на Општина Карпош, за есенската акција, издвоени се средства во износ од 1 милион денари за набавка на афтохтони и алохтони висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја. Локалната самоуправа е Општина посветена на создавање нови зелени површини, бидејќи вложувањето во животната средина е трајна придобивка за сите сегашни и идни генерации.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МТ: Николовски – За три години ќе имаме нов и модерен...

0
Во сабота почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп - Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. Автопатот ќе биде модерен со...