spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Министерот Андоновски ја отвори јавната расправа за Националната стратегија за сајбер...

МДТ: Министерот Андоновски ја отвори јавната расправа за Националната стратегија за сајбер безбедност 2024-2028

Министерството за дигитална трансформација денеска ја одржа првата јавна расправа за Националната стратегија за сајбер безбедност 2024-2028, на која министерот Стефан Андоновски ја претстави визијата за градење на безбеден и доверлив дигитален простор во Република Македонија. Подготовката на оваа сеопфатна Стратегија и нејзиното усогласување со европските стандарди го потврдува капацитетот на Министерството за водење на клучните реформски процеси во дигиталната сфера.

На јавната расправа беа презентирани петте клучни столба на Стратегијата: градење силни национални капацитети, безбедност и отпорност на суштинските субјекти, градење општество отпорно на сајбер закани, минимизирање на влијанието на инцидентите, како и национална и меѓународна соработка.

„Како што коментиравме повеќе пати, оваа стратегија претставува камен-темелник во нашите напори за создавање на безбеден и доверлив дигитален простор во Република Македонија. Процесот на изработка на Стратегијата го водевме со највисоко ниво на инклузивност и транспарентност, вклучувајќи ги сите засегнати страни и водејќи се од двојна одговорност – кон нашата домашна јавност и кон нашите обврски спрема НАТО и Европската Унија, особено во делот на усогласување со НИС 2 Директивата.“, истакна министерот Андоновски во своето обраќање.

Стратегијата предвидува формирање на нов Сектор за сајбер безбедност во рамките на Министерството, кој ќе има повеќе клучни функции – ќе врши надзор над усогласеноста со безбедносните стандарди, ќе воспостави и управува со Владиниот безбедносен оперативен центар, и ќе координира со владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти.

„Нашата визија е јасна и недвосмислена – сајбер безбедноста мора да биде клучен приоритет во дигиталната трансформација на Република Македонија. Стратегијата 2024-2028 има за цел да создаде безбедна и доверлива дигитална средина преку координиран национален одговор на сајбер предизвиците”, нагласи министерот.
За успешна имплементација на Стратегијата воспоставена е јасна организациска структура каде Министерството за дигитална трансформација ќе биде носител на 76 конкретни задачи, МВР на 17 задачи, МКД ЦИРТ на 15, Министерството за одбрана и Армијата на 4, а Министерството за надворешни работи на 5 задачи. Значајна улога ќе имаат и Агенцијата за национална безбедност, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, универзитетите и други суштински субјекти.

Стратегијата предвидува и формирање на регионален центар за извонредност за справување со хибридни закани, воспоставување на национален центар за заштита на нашите деца и млади на интернет – MKSafeNet, како и развој на сеопфатна национална платформа за едукација достапна за сите граѓани. За следење на имплементацијата, Министерството ќе поднесува детални полугодишни и годишни извештаи до Владата, а ќе се спроведува и темелна годишна ревизија преку специјална работна група. Јавната расправа претставува инклузивен процес на консултации со сите засегнати страни, со цел градење на сеопфатен и ефективен пристап кон сајбер безбедноста во државата.

Извор: Министерство за Дигитална Трансформација

Прочитајте