spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Домаќин на регионалниот УРБАКТ кампус

МЕП: Домаќин на регионалниот УРБАКТ кампус

Во изминатите два дена, Министерството за европски прашања е домаќин на регионалниот УРБАКТ кампус, организиран во соработка со Секретаријатот на програмата за територијална соработка УРБАКТ IV и со националните тела од земјите од регионот одговорни за спроведување на Програмата.

УРБАКТ кампусот претставува традиционална алатка наменета за градење на капацитетите на партнерите вклучени во УРБАКТ мрежите за соработка. Оваа година, УРБАКТ кампусот за прв пат на едно место собра претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, како новоприклучени земји во УРБАКТ IV програмата. Проектните партнери во т.н. акциски мрежи за планирање од општините Кочани, Тетово, Будва, Бело Поле, Сараево, Зеница, Мостар, Пермет и Тирана во текот на овој дводневен настан има можност да разменат мислења за предизвиците со кои се соочуваат при спроведувањето на нивните интергирани акциски планови, за неопходните вештини, за средствата, вклучувајќи ги и финансиските, кои се нужни за успешна реализација на споменатите планови.

Со свои презентации поврзани со можностите за финансирање пред учесниците на настанот се обратија претставници на УСАИД, УНДП и Интерег Европа програмата. Истото беше поддржано со презентации на повеќе програми за територијална соработка кои се на располагање на земјите од регионот, кои ги испорачаа националните контакт лица за УРБАКТ програмата присутни на кампусот. 

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...