spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗП за политички систем, Димовски на средба со Григоријан, постојаниот претставник на...

ЗП за политички систем, Димовски на средба со Григоријан, постојаниот претставник на УНДП

Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски оствари работна средба со Армен Григоријан, постојаниот претставник на УНДП.

Фокус на разговорот беше соработката со УН и трансформација на системот на управување на кризни ситуации, зацртана во планираното работење на Владата.

Понудена е експертска поддршка на работното тело и помош во поврзување со институции за помош и обука на припадниците на противпожарните единици, како и консултантска,поддршка.

Следи интензивирање на соработката со непосредно ангажирање на постојаниот претставник и со конкретни предлози во поставувањето на основата за изградба на ефикасен систем за управување со кризи.

Извор: Влада

Прочитајте