spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, очекувам до 2027 година да...

Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, очекувам до 2027 година да биде завршен

Добар ден и од мене,

Немам што да додадам на тоа што претходните говорници го кажаа, можеби личен момент е да кажам дека сум исклучително задоволен што можеме конечно на терен да ги видиме сите оние работи коишто во позадина се прават, меѓу кои е и процесот на деминирање, решавање на имотно правни односи, експропријација, целата онаа логистика којашто е вклучена за да овој проект добие конечно вистинско значење, а тоа е дека почнува на терен да се реализира. 

Отворен е простор од 8 километри на целата траса, деминиран комплетно, решен имотно правно како што кажа и директорот на ЈПДП, во периодот којшто следи и тие преостанати 350 парцели ќе бидат имотно правно решени, битно е дека ние сме практично пред динамиката којашто ја имаа градежната компанија за да не го кочиме процесот и од она што можев во неформален разговор од одговорните да го слушнеме е дека до отприлика крајот на 2027 година, отприлика 3 години ќе бидат потребни за да ова овдека се заврши.

Така што уште еднаш ја користам оваа прилика од мое лично име да се заблагодарам на сите учесници во овој проект. Би сакал да се заблагодарам и на вработените во ЈПДП, на директорот, на потпретседателот на Владата, министерот за транспорт, да се заблагодарам на сите градоначалници од овој регион, на пратениците коишто ја подржуваат работата на компанијата, на нејзината екселенција амбасадорката Агелер, на вработените во Бехтел и Енка, на Џош којшто континуирано не информира и работи заедно со нас во прогресот на овој проект, на сите вработени во Владата, во министерствата, во институциите коишто помагаат несебично да овој процес еве го доживее ова што денеска ние можеме свечено да го отпочнеме, а тоа е конечно да почнеме на терен да го реализираме тоа што го плаќаат граѓаните преку буџетот.

Уште еднаш голема благодарност и до вас медиумите што континуирано ја следите работата на политичарите и ве охрабрувам така да продолжите затоа што само преку вас ние можеме сето она што го правиме за граѓаните да го доближиме поблиску, а тие да ги почувствуваат бенефитите од сето тоа. 

Ви благодарам.

Извор: Влада

Прочитајте

Бутел: Започна асфалтирање на улицата “Хо Ши Мин”

0
Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел. Работна недела. Денес започна асфалтирањето на улицата “Хо Ши Мин” со...